На барање на Европската унија, Белгиската медицинска агенција почна истрага за фабриката на АстраЗенека во близина на Брисел, поради ескалацијата во намалувањето на испораките на вакцини во ЕУ.
Првата посета на претставниците на Белгиската медицинска агенција завршила вчера во фабриката „Сенефа“ во Ено, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во наредните денови ќе се изврши понатамошна инспекција.
Истрагата ја побара ЕУ поради сомнежи во образложението на АстраЗенека за очекуваното намалување на испораката на вакцината за европскиот блок.
АстраЗенека соопшти дека ќе може да им достави на земјите од ЕУ само 25 проценти од 100 милиони дози што се очекуваат до крајот на март, поради проблеми во белгиската фабрика во сопственост на француската научна компанија Новасеп.
Европската агенција за лекови треба да ја одобри вакцината АстраЗенека во февруари.