Историски успех на УКИП и Најџел Фараж на евроизборите во Велика Британија

Од:

Евроскептичната партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП) е победник на евроизборите во Велика Британија, покажуваат официјалните податоци од гласањето, одржано во четвртокот.

Победата на оваа маргинална партија, која нема ниту еден пратеник во британскиот Парламент, претставува „историски настан“ во домашната политичка историја, затоа што ова е прв пат, по 100 години, на избори што се одржуваат на целата територија на земјата, да не победи една од двете главни британски политички партии-конзервативците, или лабуристите.

Иако сите гласови на Британците не се преброени, сосема е сигурно дека УКИП победи, освојувајќи 27,5 отсто од гласовите и добивајќи 23 места во Европскиот Парламент. За оваа, најевроскептична партија, на годинешниве избори гласале 10,99 отсто повеќе гласачи, отколку на последните евроизбори во 2009 година, што придонесе таа сега да има десет европратеници повеќе отколку пред пет години.

На второ место останаа лабуристите на Ед Милибанд, добивајќи 25,4 отсто од гласовите и 18 пратенички места во Парламентит во Стразбур, што е седум повеќе од досега.

Конзервативците на премиерот Дејвид Камерон, како што и се очекуваше, претрпеа пораз, загубувајќи седум европратеници и од победничка партија, пред пет години, ториевците сега се трета политичка сила во распределбата на европратениците од Велика Британија.

Најголемиот загубар е Либералдемократската партија на заменик премиерот Ник Клег, која падна дури на петтата позиција, задржувајќи само еден, од досегашните десет европратеници.

Се уште не се познати конечните резултати од Шкотска и тоа како на овие избори ќе помине сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП) која досега немаше свои европратеник, но рече се знае дека крајнодесничарската Британска народна партија (БНП) на Ник Грифит ги загуби двете места во Европскиот Парламент, освоени пред пет години и остана крајно маргинализирана на британската политичка сцена.

Лидерот на УКИП денеска изјави дека „сонот стана реалност“ па неговата партија веќе не е маргинална, туку дека прераснува во третата политичка сила во земјата, со амбиции, на изборите во мај следната година, конечно, да влезе и во британскиот Парламент.

Премиерот Камерон го призна поразот на евроизборите, но и неуспехот што Конзервативната партија го постигна на делумните локални избори во Англија и Северна Ирска, за кои се гласаше во четвртокот, останувајќи одново на третата позиција.

– Евроизборите покажаа дека гласачите (во Велика Британија) се разочарани и со разбиени илузии, во однос на ЕУ, изјави Камерон, порачувајќи дека пораките од гласачите се примени и разбрани.

Заменик премиерот Клег може да биде единствената политичка жртва по овие избори, откако повеќемина партиски функционери побараа од него да поднесе оставка, по „дебаклот“ на изборите. Клег одбива да се повлече, а со смена на партиското кормило пред парламентарните избори, не се согласува ниту врвот на неговата Либералдемократска партија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија