Историјата станува бојно поле на политиката

Од:

ДПА – Хамбург

Историјата секогаш играла важна улога во Полска. Но, откако националните конзервативци дојдоа на власт во номеври, „историската политика“ и нападите против критичи настроените историчари зачестија.

Понекогаш изгледа дека премиерот на Полска, Беата Шидло, се обидува не само да ја смени полската политика, туку и на нов начин да го интерпретира минатото во Полска.

Оние кои мислат поинаку на крајот станаа цели на нападите од провладините медиуми. Историјата се претвори во бојно поле на политиката.

Кога положи заклетва во август минатата година, претседателот Анджеј Дуда вети дека ќе воведе „историска политика“. Шидло дејствува на истиот начин. Целта не е само фокусирање на историските настани кои веројатно ќе го зацврстат националниот идентитет. На отстрел се и и понепријатни лични вистини.

Сега Министерството за правосудство подготвува закон кој ги криминалзира и казнува со по пет години затвор користењето на историски неправилниот термин „полски логори на смртта“ за германските логори на смртта на окупираната полска територија во Втората светска војна.

Освен тоа, министерството бара да биде внесена промена во Уставот која ќе го штити „доброто име на полската држава и полскиот народ“.

Еден од првите интелектуалци кои ќе настрадаат од новиот стил е историчарот Јан Томаш Грос, професор на Универзитетот Принстон во САД. Сега канцеларијата на Дуда смисли да го лиши Грос од Орденот за заслуги на Полската Република, со која тој бепе удостоен во 1996 година.

За многунина национални конзервативци во Полска, Грос стана смртен непријател откако ја објави книгата „Соседи: Уништувањето на еврејската заедница во Једвабис, Полска“, посветена на погромот во источна Полска во 1941 година. Историчарот кој емигрирал од Полска заради антисемитскиот бран во 1968 година, се спротивстави на митот за „хероизмот и мачеништвото на Полјаците“ во Втората светска војна и за „храбрите Полјаци“, кој криеле Евреи и покрај жестоката германска окупација.

Грос ја покажува другата, грозната страна од историјата, која исто така се случувала: некои Полјаци не биле хребри, а некои дури и убивале Евреи и учествувале во погроми.

– Грос е спорен, но глупаво е и штетно да го лишиш од орденот, смета Дариуш Стола, директор на Музејот за историјата на полските Евреи во Варшава. – Тие луѓе се обземени од патриотизам. Сегашниот фокус на историјата е пародија, вели историчарот Јан Грабовски за нападите против Грос.

Грос не е единствениот чии истражувања неизбежно станаа „цел на сомнежи“. Списанието „Вшечи“ блиско до валдејачката партија Право и правда (ПиС) неодамна објави статија под наслов „Триумф на германската пропаганда“ од историчарот Богдан Мушал.

Во неа авторот напаѓа колеги професори кои ја истражувале историјата на германско-полските односи, меѓу кои Кшиштов Рухневич, директор на Институтот „Вили Бранд“ за германски и европски истражувања во Вроцлав, или Ана Волф-Повеска, поранешен директор на Западниот институт во Познан. Мушал тврди дека неговите колеги се предавници на полскиот национален интерес. – Тој очигледно нема претстава за нашата работ“, одговори Рухневич во интервју.

Тековната дебата за досието на „Болек“ пронајдено во приватната архива на покојниот поранешен министер за внатрешни работи Чеслав Кишчак, совршено се совпаѓа со дискусијата како да се гледа на најновата историја на Полска.

Досието за таен информатор на комунистичките служби за безбедност изгледа го идентификува поранешниот синдикален водач Лех Валенса како „Болек“. Тоа содржи договор за соработка со службите потпишан од Лех Валенса. Допрва треба да биде проверена автентичноста на документот.

Претседателот на ПиС, Јарослав Качињски, долги години е непријател со Лех Валенса. Според Качиески, Валенса е одговорен за политиката на „дебелата црта“ (преодот од комунизам кон демократија во Полска), наместо да бидат судени комунистите по 1989 година.

Сега многумина политичари од ПиС ги добиваат дома досиеата на еден од генералите, кој воената ситуација во Полска во 1981 година ја опишува како неоправдан доказ против Валенса иак тој повеќе пати тврдеше дека не бил крт за активностите на опозицијата.

Политичкиот активист Матеуш Кијовски, раководител на Комитетот за заштита на демократијата во Полска, реагираше со иронија на обидите да се даде нова интерпретација на животот и делото на Валенса – На крај, тие можат да кажат дека тајната полиција ставила крај на комунизмот, изјави Кијовски.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад