Исповед: Заедно со Американците ги изградивме „темелите“ на Исламска држава

Од:

Британски „Гардијан“ објави ексклузивна приказна на џихадист под псевдоним Абу Ахмед, кој открива непознати детали за почетоците на терористичката организација ИСИС, која според неговите тврдења настанала во злогласниот американски затвор во Ирак.

Тој раскажа дека американските војници го префрлиле во затворот Камп Бука на југ на Ирак во 2004 година.

Гласините за злосторствата кои што се случувале во таа пустинска тврдина, кој тогаш била под управа на американската војска се ширеле бргу. Веднаш по доаѓањето чуварите го упатиле во отворен двор, околу кој се наоѓале големи затворски ѕидини, до кој се доаѓало преку лавиринт од ходници.

Абу Ахмед кој пред десетина години бил во злогласниот затвор сега е еден од неколкуте лидери на ИСИС и војува со радикалните исламисти кои заедно со него биле зад решетките.

По доаѓањето во затворот сите го предупредиле дека тоа е навистина страшно место, но чекор по чекор,сфатиле дека тоа што установата е под американска контрола за нив е неверојатна можност. Ахмед тврди дека никогаш не би можеле да се соберат, така како што се собрале во затворот.

Според неговите зборови, таму покрај тоа што биле на безбедно, биле на само неколку стотина метри од целото раководство на Ал Каеда.

Тука тој за прв пат го запознал Абу Бакри ал Багдади, денешниот калиф на самопрогласената Исламска држава, кого Американците го сметаат за најопасен теорист на светот.

Како и повеќето други членови на териристичката организација Абу Ахмед созреал по американска окупација на Ирак, за која многумина сметале дека конечна цел било да се предаде власта на шиитите наспорти мнозинството сунитска популација.

По речиси две години преговори, Абу Ахмед конечно решил да зборува за „Гардијан“ за самата срж на теористичката организација, која во меѓувреме сее страв и терор во Сирија.

Тој вели дека злосторствата кои ги спорведува ИСИС го принудиле да си го запраша разумот, но и своите уверувања кои повеќе не се во согласност со актуелното лидерство на терористичката организација.

Сфатил дека не е се во насилство и решил да ги открие сите детали за мистичниот лидер Ал Багдади, кој во затворот бил доста повлечен и немал контакт со останатите затвореници.

Кој е Ал Багдади?

Ал Багдади е роден како Ибрахим ибн Авад ал Бадри ал Самарраи во 1971 година во ирачкиот град Самари. Американската војска го уапсила во куќата на неговиот пријател во Фалуџа, западно од Багдад во 2004 година, само неколку месеци откако помогнал да се основа милитантната организација Џеиш Ал Сунах, по што го префрлиле во затворот Камп Буку.

Малата милитантна група со која Ал Багдади управал била само една од повеќето кои настанале по падот на Садам Хусеин. Сите терористички организации и претходеле на денешната Исламска држава, која под водство на Ал Багдади држи под контрола поголем дел од Ирак како и источните делови на Сирија.

Ал Багдади знаел како да ја придобие довербата на американските војници кои во него виделе личност која ќе ги смирува тензиите помеѓу спротивставените фракции во затворот.

Но како што се потсетува Абу Ахмед, како што минувало времето Ал Багдади се повеќе бил во центарот на секој проблем кој ќе се случел во затворот.

Тој тврди дека Ал Багдади сакал да биде затворски лидер и се служел со методата подели па управувај, со цел себеси да си обезбедни статус.

Го ослободиле од затворот во 2004 година бидејќи сметале дека повеќе не претставува никаква закана.

Според наводите на „Гардијан“, Абу Ахмед истакнува доколку не постоел американскиот затвор во Ирак не би постоела ниту Исламска држава.

-Бука не создаде сите нас, таа ја изгради нашата идеологија. Затворот беше совршено опкружување. Имавме време за размислување и планирање- вели Абу Ахмед и додава дека се договориле повторно да се состанат на слобода.

Според аналитичарот Хишам ал Хашими ирачката влада проценува дека вкупно 17 од 25 најважни лидери на ИСИС биле во заточеништво во американските затвори во периодот од 2004 до 2011 година.

Набргу по ослободувањето на Ал Багдади бил ослободен и Абу Ахмед, кој вели дека на аеродром во Багдад го собрале двајца мажи кои ги запознал во затворот.

Го одвеле во куќа во западниот дел на ирачката престолнина, каде што речиси истиот момент се приклучил на џихадот. Во меѓувреме движењето од бунт против американска окупација, прераснало во борба против ирачките шиити.

Абу Ахмед вели дека уште во затворот сите клучни луѓе размениле контакти.

Како што самиот вели животот во ИСИС значи моќ, пари, жени и статус, односно ги содржи сите мамки за младите бунтовници желни за борба.

Тој тврди дека стотици борци на ИСИС, сметаат дека џихадистичкото движење отишло предалеку со своите радикални уверувања и дека потполно се одвоило од своите вистински корени.

-Најголема грешка во животот ми е што им се придружив, не е дека не верувам, јас верувам во џихад. Но кој е мојот избор? Ако си заминам ќе бидам мртов. И не само јас туку целото мое семејство -заклучи Абу Ахмед.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска