Исланд од четврток ќе дозволи влез во земјата за сите патници со потврда за вакцинација против коронавирусот без каква било друга форма на контрола, соопшти денеска исландското Министерство за здравство.
Мерката важи за патниците од шенгенските земји од 20 јануари, но сега ќе биде проширена на сите патници, без оглед од која држава доаѓаат.
Патниците ќе можат да влезат во Исланд со потврда за вакцинација издадена од земјите од Шенген зоната или Светската организација (СЗО).
„Лицата со таков сертификат не треба да бидат тестирани или да одат во карантиран по пристигнувањето во земјата, ниту пак треба да носат негативен тест за коронавирусот“, соопшти Министерството.