„Исламската држава“ ја презеде одговорноста за нападот со нож во Брисел

Од:

„Исламска држава” ја презеде одговорноста за нападот со нож врз војници во белгиската престолнина Брисел, соопшти синоќа, преку мрежата „Телеграм“ пропагандниот орган на групата – новинската агенција Амак.

„Изведувачот на акцијата со нож во Брисел е војник на Исламска држава, кој ја изврши операцијата како одговор на повиците за напади против земјите од коалицијата”, посочи Амак, мислејќи на антиџихадистичката коалиција предводена од САД, во која е и Белгија.

Во петокот, беше застрелан маж во Брисел, откако со нож нападна двајца војници. Инцидентот се случил околу 20.15 часот, по локално време, во центарот на Брисел, а напаѓачот, според наводите на бриселската телевизија РТБФ, за време на нападот врз војниците, извикувал „Алах Акбар“.

Белгиските медиумиј јавија дека стаува збор за Сомалиец (30), кој претходно не и бил познат на полицијата како лице поврзано со тероризам.

Белгиското обвинителство соопшти дека напаѓачот, откако бил застрелан од страна на војниците, им подлегнал на повредите.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски