Групата Исламска држава им објави војна на Турција и на новоизбраниот тирски претседател и актуелен премиер Реџеп Тајип Ердоган, објави турскиот весник „Сабах“, пренесувајќи изјава на лидерот на оваа исламистичката организација Абу Бакир ал Багдади.
Според весникот, Багдади повикува на војна против Ердоган, кого го нарекува непријател, кој „не ги почитува шеријатските закони“ и ја поддржува курдската вооружена единица „пешмерга“.
– Ердоган е секуларно ориентиран и не ги почитува нормите на шеријатското право при управувањето со државата, изјави Багдади