Исламска држава убила најмалку 50 луѓе поради навреди кон Бога, шпионажа…

Од:

Исламска држава убила 50 луѓе оваа година во Сирија поради обвинувања дека нанеле навреди кон Бога, шпионирале или дека се странски борци. Меѓу последните е јордански пилот кого вчера жив го запалиле, соопшти денеска опозициската Сириска организација за човекови права.

Тие тврдат дека џихадистите тие луѓе ги обезглавиле или пукале во нив. Исламска држава обезглави неколкумина Британци, Американци и двајца јапонци. Екстремистичката сириска група Нусра Фронт поврзана со Ал Каеда, убила шест луѓе, а други бунтовнички групи убиле 20 луѓе.

Исламска држава која прогласи калифат на територии во Сирија и Ирак кои се под нејзина контрола, убила од јуни до ноември лани, 1.432 заробеници.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска