Исламска држава се закани дека ќе разурне саудиски затвори

Од:

Групата Исламска држава (ИД) се закани дека ќе ги разурне затворите во Саудиска Арабија, во кои се држат џихадисти, пренесоа британските медиуми.

Заканата беше упатена денеска преку Интернет, откако кралството во саботата егзекутира 47 лица, меѓу кои и 43 члена на Ал Каеда.

ИД конкретно ги посочи затворите Ал Хаир и Тарфија, каде се наоѓаат многу нејзини членови.

Во јули минатата година борец на џихадистичката група изврши самоубиствен напад врз контролно-пропустен пункт пред затворот Ал Хаир, во близина на престолнината Ријад.

Би можело да ве интересира

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС