Џордан Тајмс – Аман
По двегодишна кампања, египетската армија не успева да ја уништи организацијата Исламска држава (ИД) на Синај – историски нестабилниот полуостров, каде џихадистите го користат камениот терен и поддршката од дел од населението.
ИД во средата ја покажа својата способност да дејствува по бел ден, извршувајќи несекојдневна серија на напади против неколку воени позиции. Според податоци од властите, биле убиени 70 луѓе во селото Шеик Зуеид во северен Синај, иако армијата соопшти за 17 загинати војници и 100 ликвидирани џихадисти.
Овие атентати се најжестоките од почетокот на нападите против армијата и полицијата, кои однесоа стотици жртви. Тие започнаа по смената од власта на претседателот исламист Мухамед Морси од страна на војската во 2013 година.
– Тие се без преседан како според интензивноста, така и по бројноста и жестината на нападите, смета Матио Гидер, француски експерт за џихадистичките движења. – Египетската армија на Синај не им е рамномерна по бројност и не е добро подготвена за да се справи против исламистичките бунтовници, кои се многу организирани и добро обучени, додава тој.
Одговорност за најсмртоносните напади на полуостровот во последниве неколку месеци презеде организацијата Ансар Бејт ал Макдие, која во ноември се заклона на верност кон Исламската држава. Нејзиниот лидер е енигматичниот религиозен водач Абу Усама ал Масри.
Се смета дека таа организација на Синај има околу 2.500 борци „од кои повеќето се Египќани“, вели Гидер.
– Организацијата се развива многу брзо. Минатата година таа броеше само околу илјада борци, дополнува професорот по арапска геополитика на Универзитетот во Тулуз. – Јасно е дека египетските борци се враќаат од сирискиот и ирачкиот фронт, и своето искуство им го пренесуваат на други борци. смета тој.
Предизвик за Ал Сиси
Полуостровот има површина од околу 60.000 километри квадратни и е распостранет меѓу Средоземното и Црвеното Море. Синај долго време беше спорна територија за која посебно претендираше Израел, пред да му го предаде на Египет во 1982 година, кој таму го разви туризмот во Шарм ел Шејк, на брегот на Црвеното Море. Серија атенати во одморалиштето беа причина за смртта на речиси 70 луѓе во јули 2003 година.
– Политичкото отуѓување на Синај беше клучниот фактор кој му овозможи на бунтот да порасне, а географските карактеристики придоесоа за зацврстување на џихадистичките движења, подвлекува Мајкл Вахид Хана, од Американскиот центар за истражувања „Сенчри фаундејшн“.
Џихадистите, од кои поголемиот дел доаѓаат од племињата на Синај, и кои велат дека се маргинализирани и дискриминирани од централната власт во Каиро, во пракса го корисат планинскиот терен на полуостровот, на кои највисоката точка е на 2.642 метри надморската височина.
Вооружените групации се снабдуват со оружје од „црниот пазар во Судан, Чад и Нигер“, вели Матео Гидер.
Мерките кои ги презема египетската армија веќе две години ниту од далеку не ставија крај на насилствата. По особено смртоносните напади во октомври во делови од северен Синај, близу до границата со Газа, беа воведени вонредни мерки и полициски час.
Освен тоа, армијата започна да создава тампон зона долж границата со палестинската територија и тоа е причината за иселување на повеќе илјади семејства.
Таквите мерки, смета Зак Голд, експерт во консултанската фирма „Американ секјурити проџект“, се одразуваат многу понегативно врз цивилното население, отколку врз џихадистите.
Според Хана, неуспесите на властите против бунтовниците се во контраст со ветувањата на претседателот Абдел Фатах ал Сиси, поранешен главен командант на вооружените сили, кој го смени од власт Морси и кој се претстави како борец против „тероризмот“ и вети дека ќе обезбеди безбедност во земјата.
– Но, на крај овие напади ќе ја засилат народната поддршка за репресивните мерки во северниот дел за полуостровот, прогнозира тој.