БТА – Софија
Изминатата 2014 година ќе биде запаметена по воените успеси на Исламска држава, која зазема големи делови од Сирија и Ирак и на крајот на јуни објави создавање на калифат прогласувајќи го лидерот Абу Бакр ал Багдади за калиф на кого сите муслимани во светот треба да му се заколнат на верност.
Радикалната салафитска организација успеја да создаде квази држава, да воведе во неа шеријат, и донекаде да ја задржи контролата над заземените територии благодарение на финансиската стабилност, силнтаа идеологија и избор на обучени и крајно мотивирани борци. Експанизионистичките амбииции и жестокоста на Исламска држава – освојувањата, егзекуциите и убиствата на таканаречените од неа „неверници“ и „вероотстапници“ – арапи шиити, језиди, курди и христијани, предизвикаа создавање на коалиција до околу 60 држави кои помогнати од воздушни напади, други воени средства и отстапки се борат на теренот против исламската држава, заедно со курдските сили, ирачките шиити, сунитски милици и со Сиријската слободна армија и ирачката армија.
Успехот на кампањата до овој момент е спорен, благодарение на умешната пропаганда на групацијата која во своите редови привлече илјадници странски борци, вклучувајќи и две до три илајади луѓе од Европа, и натера редица држави да преземат несекојдневни антитерористички законски мерки.
Пиар стратегијата на која водечки светски компании лидери би и завиделе
Радикалната салафитска организација до совршенство владее со социјлните мрежи како средство за масовна комуникација – кога Багдади има нешто да каже, тој користи многубројни џихадистички формуми за оневозможи властите во која и да е држава да му за затната устата, за разлика од Осама бин Ладен, кој зборуваше само пред западни новинари и телевизии. Фалејќи се со успесите на твитер и јутјуб, и на англискојазичната веб страна Дабик, Исламска држава повеќе пати демонтрираше дека не е обична вооружена групација со добра структурана команда, контрола, пропаганда и логистички можности, организцијата докажа дека е способна да заземе и задржи под контрола стратешки важни територии во срцето на Блискит исток.
Да го убиеш вестносецот е стар метод кој го користеле кралевите за да се наметне чувството на беспомошност, изродено од порази од политички неуспех, пишува Ахмед Рашид во статија во Фајненшел тајмс. Багдади ја издигна таа пракса од страите времиња на ново ниво. Во неговите очи новнарите не се вестоносци кои пренесуваат информации до надворешниот свет, туку се натрапнци и диверзанти кои им помагаат на „крстоносците“ да сеат матнина во „домот на исламот“ (дар ал-ислам). Затоа треба да бидат затварани, измачувани и ликвидирани, а ако се американци или британци – да бидат искористени како политички пиони. Обезглавувањата на Џејсм Фоули и Стивен Сотоф се дел од таа политичка игра.
Тешко можеме да ги изришеме од сеќавањата видеоклиповите во кои американски и британски граѓани коленичат во пустината облечени во портокалова затворска униформа од типот Гвантанамо, а маскиран маж со лондонски акцент испраќа политички пораки кон Барак Обама и Дејвид Камерон, и мафта со нож над нивните глави.
Целта на терористичките групи никогаш не е само убиство на посочената жртва, туку политичкиот оддек и стравот кој ќе се предизвика.
Британецот Џон Кантли – друг заложник на исламистите кој беше грабнат во 2012 година во Сирија – нема слична судбината на двајцата американски колеги. Тој се појави на снимено видео од кое првите кадри се испти со беспилотен авион кој лета на сиријскиот град Кобане, каде од септевнри се водат меѓу теборци на Исламска држава и бранителите на градот, курдските сили. Како олицетворение на џихадистички репортер – облечен во црно со специфично обликувана брада и без мустаќи, и користејќи ја стандардната реторика на Исламска држава – Кантли ги негира тврдењата на западните медиуми дека борците на организацијата се сосема истерани од градот на сиријско-турската граница, и дека меѓу нив има стотици жртви.
Во текот на успешниот блицкриг во јуни во северен Ирак, отцепената од Ал Каеда организација исто така направи многу ефикасна пиар кампања раструбувајќи за своето пристигнување на начин на кој маркетинг одделите на големи фирми го најавуваат своето влегување на нов пазар. Исламската држава привлече стотици активисти на арапскојазичната веб срана и со андроид апликации „Зората на светите вести“, овозможувајќи им на корисниците да бидат во тек со најновите џихадистички новости. Во замена на таа услуга, корисниците со администраторите споделуваат свои лични податоци и и го даваат на Исламска држава правото да испраќа твитови на нивните лични акаунти.
По превземањето на ирачките градови Мосул и Тикрит. Исламска држава преку твитер испрати снимка на вооржен џихадист како стои на позната зграда во ирачката пресолнина над која се развива знамето на оранизацијата. Насловот на снимката е „Багдад, доаѓаме!“, и истата ја постигна целта да го исплаши населението од градот. Обемот на испратените пораки беше огромен за да излезе таа снимка меѓу првите резултати при пребарување на клучниот збор Багдад на социјалната мрежа, пишува во својата статија за списанието Атлантик, Џеј Ем Баргр, автор на книгата „Џихад Џо: американците кои одат во војна во името на џихадот“.
Британскиот премиер Дејвид Кaмерон најави во обраќањето пред австралискиот парламент пред средбата на врвот на Г-20 во Брзибејн, дека „не смееме да дозволиме инернетот да биде неконтролирано пространство“ и дека компаниите имаат јавна должност да го тргнат тој материјал. Но следува и коренито спротивната логика – службите за разузнавањето можат да црпат информаци за дејствувањата и плановите на џихадистите токму преку тие социјални мрежи. Раководителот на британското електронско разузнавање, Роберт Ханиган, во текст во Фајненшел тајмс напиша дека компаниите во сферата на информациските технологии треба повеќе да соработуваат со властите и со службите за безбедност, за да можат да се справат со предизвиците да ја контролираат „првата терористичка организација чии членови израснале на интернет“.
Изгледа Европа брзо заборави на Едвард Сноуден и за непријатната по нив програма за следње на американската Агенција за национална безбедност. Кога „на виделина“ се појави заканата како Исламска држава, западните влади одеднаш ги заборавија своите аргументи во полза на неприкосновеноста на личниот живот, и се заложија да добро признатото следење како пат за лов на џихадисти.
Странските борци – закана за безбедноста и катализатор на исламофобијата и антиемигрантските настроенија во демократските држави
Неспорните успеси на Исламска држава на бојните полиња во Ирак и Сирија и способноста на организацијата да привлекува странски борци од цел свет, натера многу држави да бидат на тревога, освестувајќи се дека се повеќе нивни граѓани заминуваат на џихад на Блискиот исток, и кои можат да се вратат и да вршат терористички актови дома или во трети земји.
Во Сирија и Ирак прдолжува да се слеваат потоци од странски борци, чиј обем веројатно го надминал и оној на странци во антисоветското бунтовничко движење во Авганистан во текот на 80-ите години. По четири месеци воздушни напади против Исламска држава, Советот за безбедност на ОН во информација од 30 октомври која беше цитирана во британскиот весник Гардијан, објави дека бројката на странски борци во двете држави достигнала до 15 илјади. Од нив повеќе од две илјади се европјани кои влегле во редовите на Исламска држава, и во други радикални организации.
Стремежот да се спречи уште Eвропајни да заминуваат на џихад го отвара прашањето кога и како државите можат да ги судат своите граѓани заради учество во воени конфликти во странство, ако го имаме во предвид тешкото наоѓање на докази дали сопствениот Bританец, Fранцузин или Bелгиец кои војуваат за Џебхат ал Хусра, Исламска држава или се бори против нив, на пример, во редовите на курдските милиции пешмерга.
Редица европски држави, меѓу кои и Велика Британија и Франција, како и Австралија преземаа мерки со цел да се спречат изливите на борци кон Сирија и Ирак. Некои од нив вклучуваат забрана за патување во сиријската провинција Рака, одземање на пасоши или одземање на граѓанството на високо ризични лица и на оние за кои постојат докази дека учествуват во терористички организации.
Главниот впечаток е дека овие луѓе лесно можат во даден момент да се вратат назад преку Турција или да го фатат првиот авион од Ербил за Лондон. Владите во Европа, северна Америка и во Австралија стравуваат дека враќањето по приклучувањето на џихадистите, закоравените во борбени техники граѓани ќе ја донесат со себе и радикалната идеологија и насобраните обиди да убиваат.
Во Канада во две последователни напади извршени само за неколку дена од претпоставени исламисти, ја ставија на испит јавната свест и космополитизмот на државата.
Опасноста по земјата да стане арена на глобалниот тероризам создава ризици за засилување на антиемигрантските чувства и исламофобијата меѓу инаку познатите по толерантност канаѓани. Перспективата од радикализираната младина да се врати од војните полиња во Сирија и Ирак, предизвика нов бран од тревоги особено во демократските држави кои се повеќе го поставуваат прашањето каде е баланост помеѓу граѓанските слободи и безбедноста во доба на транснационален тероризам, и како да се справат со високо ризичните лица дома без да преземат широки репресивни мерки кои ќе го маргинализираат муслиманскиот дел од населението.