Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад врз православна црква во центарот на главниот град на Чеченија, Грозни, при што загинаа три лица.
Четири лица вчера нападнаа православна црква во Грозни и убија двајца полицајци и еден цивил. Напаѓачите беа ликвидирани.
Претседателот на Чеченија, каде мнозинството население е муслиманско, Рамзан Кадиров изјави дека четворица екстремисти, кои се обиделе да земат за заложници верници во црквата „Архангел Михаил“, се ликвидирани во жестока специјална операција.
Тој веднаш пристигнал на лице место и ја контролирал операцијата, која траела само неколку минути.