Исламската држава ја презеде одговорноста за бомбашките напади во Шри Ланка, во кои во неделата беа убиени најмалку 320 лица, изјави Амак, новинската агенција на терористичката организација, без да даде докази за тоа тврдење.
Амак подоцна објави фотографија од осум мажи кои тврдеа дека се терористи кои извршиле напади во цркви и хотели во текот на денот. Со фотографијата исто така ги објавија и наводните имиња на седумте напаѓачи и опишаа кои од нив учествуваа во нападот. Тие, исто така, велат дека еден од нив се судрил со полицијата и уби тројца полицајци.
Во прилог на фотографијата, тие исто така објавија снимка со која се прикажани како мажите од фотографијата се заколнат во верноста кон Калифат и лидерот Абу Бакр ал-Багдади и викаат “Аллаху акбар”.
The Islamic State just claimed Sunday’s attacks in Sri Lanka pic.twitter.com/83bEATQs5U
— Pieter Van Ostaeyen (@p_vanostaeyen) April 23, 2019
Now followed by an official picture of the attackers pic.twitter.com/q94u7vyDCR
— Pieter Van Ostaeyen (@p_vanostaeyen) April 23, 2019