Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

Од:

Поради лошите временски услови, забавена е потрагата по двајца Американци и еден Канаѓанец кои исчезнаа при обидот да се искачат на највисокиот врв на Нов Зеланд.

Како што јави Си-Ен-Ен, Курт Блер (56) и Карлос Ромеро (50) пристигнале во саботата во областа и планирале да го освојат алпскиот врв висок 3724 метри над гребенот Цурбриген.

Тие беа прогласени за исчезнати кога не се појавија на закажаниот лет во понеделник наутро, соопшти полицијата на Нов Зеланд.

Хеликоптер и екипи за пребарување и спасување ја започнаа потрагата, но мораа да запрат поради временските услови на планината.

Неколку предмети поврзани со качување, за кои се верува дека им припаѓаат на тројцата мажи, беа пронајдени за кратко време. Не се знае кога ќе може да се продолжи потрагата по нив бидејќи за следните денови е најавено лошо време.

Би можело да ве интересира

Несреќа на Паг: Еден маж загина при искачување на карпа, спасувачите се мачат да стигнат до вториот алпинист

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Спасувачка акција за македонски планинар – со смрзнатини и во тешки услови го искачи четвртиот највисок врв во светот

Анита Петровска Рајковиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд