Ирска ќе го екстрадира осомничениот виновник за смртта на 39 виетнамски мигранти

Од:

Ирски суд денеска одобри екстрадиција на Ронан Хјуз во Велика Британија, каде ќе му се суди за смртта на 39 Виетнамци пронајдени во камион со ладилник, близу Лондон минатата година.

Хјуз, кој е од Северна Ирска, е баран од британските власти поради обвиненија за трговија со луѓе.

Возачот на камионот, Морис Робинсон, исто така од Северна Ирска, во март се изјасни за виновен по 39 точки од обвинението.

Жртвите, 31 маж и осум жени на возраст од 15 до 44 години, беа откриени во октомври минатата година во ладилник во задниот дел на камион, кој Робинсон го возеше до индустриски комплекс во Грејс, Есекс, на околу 30 километри источно од Лондон.

Ирскиот Висок суд утврди дека наводните злосторства се случиле во Велика Британија и дека земјата има надлежност да ги гони.

Би можело да ве интересира

Македонски камионџија се судри со автомобил во Албанија, има жртви

Предраг Петровиќ

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти