69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Од:

Царинската управа за една недела извршила 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај.

Како што соопшти денеска Царинската управа, во четири случаи се утврдени неправилности во делот на лиценците, од коишто за три се водат пред кривични постапки од страна на Секторот за контрола и истраги, а во 69 случаи камионите се вратени назад поради утврдени неправилности во делот на сертификатите за професионална компетентност на возач.

-Неправилностите во делот на лиценците за вршење јавен превоз во меѓународен патен сообраќај, се откриени при контроли во царинска испостава Блаце, Богородица и Ново село. Во три од случаите кои се откриени во Ново Село и Богородица во моментов се води пред кривична постапка од страна на Секторот за контрола и истраги, а поради постоење основано сомневање дека е сторено кривично дело фалсификување на исправа или вршење јавен превоз без поседување лиценца казниво по Кривичниот законик. Во случајот откриен на царинска испостава Блаце на излез од државата правното и физичкото лице се казнети од страна на државниот инспекторат за транспорт заради прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај, а возилото е отстрането од сообраќај со земање на дозволата, се наведува во соопштението.

Царинската управа информира дека изминатиот месец Секторот за контрола и истраги поднел три кривични пријави до Основно јавно обвинителство Гевгелија заради фалсификување лиценци за вршење превоз на стока во меѓународен патен сообраќај.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Камион прегази жена во Нови Пазар – таа заврши под задните тркала

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити