Иранските власти го замрзнаа имотот на 150 лица поврзани со редакцијата на фарси на Би-Би-Си

Од:

Би-Би-Си соопшти дека поднела жалба до ОН поради тоа што иранските власти го замрзнале имотот на повеќе од 150 лица поврзани со нејзиниот сервис на фарси јазик.

Според Би-Би-Си, замрзнувањето на имотот се случило во рамките на мерките што ги спроведуваат иранските власти против актуелни и поранешни соработници на медиумот, како и специјални дописници, под обвинение за „заговор против националната безбедност дома и во странство“.

Под истрага се и Иранци кои имаат двојни државјнства од Австралија, Австрија, Канада, Франција, Германија, Велика Британија и САД.

Би-Би-СИ нагласи дека со овој потег Иран најгрубо ги прекршува човековите права.

Мисијата на Иран во ОН не го коментирала случајот, а иранските државни медиуми не јавија за жалбата на Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава