Иранскиот врховен лидер ги критикуваше САД поради украинската криза

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека војната во Украина мора да престане и за кризата ги обвини САД кои ги нарече „мафијашки режим“.

Хамнеи, исто така, рече дека мора да се сфатат корените на конфликтот.

Ајатолахот остро ги критикуваше Вашингтон и западните земји во време кога разговорите во Виена меѓу Иран и водечките светски сили за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година достигнаа критична фаза.

Иран во понеделникот соопшти дека напорите за заживување на договорот би можеле да успеат само доколку САД ги исполнат преостанатите барања на Техеран, откако разговорите влегоа во фаза што ирански дипломат ја нарече „сега или никогаш“.

– САД се режим кој живее благодарение на кризите, за мене Украина е жртва на кризите што ги создаваат САД, рече Хамнеи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас