Иранците, кои го користат техеранското метри, се возеа изутринава со еден неочекуван патник, претседателот на Иран, Хасан Рохани.
Рохани, министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф и други членови на Владата денеска на работа патуваа со метрото и други превозни средства на градскиот транспорт.
Тоа беше нивниот начин за да ја одбележат иницијативата „Национален ден на чистиот воздух“.
Рохани разговараше со мажите и жените во метрото и им мавташе со рака на зачудените патници.
Техеран и неговата околина е населен со 12 милиони лица и градот се соочува со големо загадување на воздухот.