Ирански пратеници извикуваа „Смрт за Америка“ по ескалацијата на ситуацијата помеѓу земјите

Од:

Ирански пратеници возвраќаат на ударот поради новата криза помеѓу двете земји. Претходно, овој месец американскиот претседател, Доналд Трамп го нарече Иран „терористичка нација број еден“, додека Пентагон испрати засилување на Блискиот исток за да му се спротивстави на Техеран.

“Америка е вистински терорист во светот, шири хаос во земјите, давајќи напредно оружје на терористички групи, предизвикувајќи несигурност, а сепак вели ‘Дојди, да преговараме'”, рече заменик-претседателот на иранскиот парламент Масуд Пезешкиан за време на седница емитувана на државното радио.

Како одговор на ова, повеќе членови на парламентот извикуваа “Смрт за Америка”. Реакцијата на законодавците во Техеран доаѓа во услови на нова ескалација меѓу Исламската Република и САД.

Во четвртокот, Исламската револуционерна гарда (IRGC) урна американски шпионски дрон, наведувајќи дека леталото ја преминало иранската граница. Во исто време, американската армија соопшти дека UAV работела во меѓународниот воздушен простор.

Коментирајќи во врска со инцидентот, американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека “го запрел” одмаздничкиот воен напад против три ирански цели само 10 минути пред да биде извршен, откако дознал дека околу 150 луѓе ќе умрат во нападот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас