Ирански министер ја откажа посетата на Австрија поради израелското знаме

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ја откажа за денеска планираната посета на неговиот австриски колега во Виена, по одлуката на Австрија да го истакне израелското знаме на владините згради во знак на солидарност со Израел во конфликтот со милитантниот палестински Хамас.

Австрискиот весник „Ди Пресе“ објави дека иранскиот министер за надворешни работи требало претпладнево да се сретне со неговиот австриски колега Александар Шаленберг, но тој го откажал патувањето поради одлуката на австрискиот канцелар да го истакне израелското знаме на зградата на Владата и Министерството за надворешни работи.

Портпаролката на Шаленберг ја потврди оваа вест и рече дека „жалат“ поради тоа, пренесе австриската агенција АПА.

Во Виена се водеа преговори во последните неколку недели, чија цел е договор за враќање на САД во нуклеарниот договор потпишан со Иран во 2015 година, од кој САД се повлекоа за време на претходниот претседател Доналд Трамп во 2018 година. Франција, Германија, Велика Британија, Русија и Кина остануваат учесници во договорот.

Иранскиот заменик министер за надворешни работи, Абас Арагши, вчера на Твитер напиша дека Австрија била одличен домаќин на тие разговори досега, но дека е „шокантно и болно да се види знамето на окупацискиот режим во Виена, кој во само неколку дена, брутално уби десетици невини цивили, вклучително и многу деца”.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски