Ирански медиуми: Ердоган го спаси Министерството за одбране на Русија

Од:

Неколку турски медиуми цитираат дипломатски извори во Анкара кои тврдат дека разузнавачката служба на Турција добила податоци од руската војска со предупредување за подготовка за преврат во земјата.

Според податоците на дипломати од Анкара, Министерството за одбрана на Русија го предупредила претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за неизбежен воен удар неколку часа пред почетокот на нападот, пренесува иранската агенција Фарс.

Дипломатите изјавуваат дека руската војска ги пресретнала шифрираните радио-пораки на пучистите, кои им укажале деака турската војска подготвува преврат. Помеѓу останатото, тие сигнали содржеле информации за испраќање на неколку хеликоптери во хотелот каде што се наоѓал претседателот Ердоган, кого планирале да го уапсат или да го убијат.

Дипломатите не кажуваат која руска станица ја пресретнала размената на информации помеѓу пучистите , но се наведува дека разузнавачката единица на руското министерство за одбрана се наоѓа во авио базата во сирискиот град Хмејмим.

Ердоган во вторникот кажа дека пучистите ќего убиеле ако се задржел 10-15 минути подолго во хотелот во Мармарис.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Мицотакис и Ердоган ќе се сретнаа во Турција за да ги подобрат односите