Иранската војска тестираше самоубиствен дрон

Од:

Иранска армија првпат тестираше самоубиствен дрон во рамки на масивната воена вежба што се изведува во близина на стратешки важниот Ормуски теснец, на влезот во Персискиот залив.

Командантот на копнените сили на иранската армија, генерал Ахмад Реза Пурдастан, изјави дека беспилотното летало е „мобилна бомба“, информираа иранските медиуми.

Дронот, наречен Јасир, според пишувањето на еден ирански весник, е дизајниран да удри во цел во воздух и на земја, како и во бродови, пренесоа американските медиуми.

Шестдневната воена вежба се одвива на подрачје од над 527.000 квадратни километри во северниот дел на Индискиот Океан, Оманското Море и источниот дел на Персискиот залив, низ кој минува петина од светската нафта.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел