Иранската Револуционерна гарда предупредува на нереди

Од:

Полковникот на иранската Револуционерна гарда Расул Санеирад предупреди дека неговите сили ќе бидат претпазливи поради можни нереди по претседателските избори чии резултати според него се непредвидливи.

Тој посочи на сеопфатни напори на иранските власи кои настојуваат да ги заплашат опозициските групи, кои би можеле изборите од 14 јуни да ги искористат како повод за демонстрации од поширок вид.

Прореформските групи беа под зачестен притисок по големите протести на кои Махмуд Ахмадинеџад 2009 година е реизбран за шеф на државата.

Според иранскиот устав тој не може да се кандидира за истата функција по трет пат.

Влезот на поранешниот претседател Ахбар Хашемиј Рафсанџани во изборната трка им даде сила на реформистите и предизвика незадоволство кај тврдокорните исламисти.

Санеирад предупреди дека можните нереди во Техеран би можеле да се прошират и во другите области и дека можностите за тоа се големи, бидејќи за прв пат во Иран истовремено се оддржуваат претседателски и локални избори.

Пред изборите би можела да биде воведена поголема безбедносна контрола, вклучувајќи и ограничувањето на користење на интернет, за да се спречат критиките до власта од страна на опозициските сили.

Меѓу претседателските кандидати се очекува да бидат главниот ирански преговарач за нуклеарни прашањаСаед Џалили, градоначалникот на Техеран Мохамед Багхер Калибафи и поранешниот министер за надворешни работи Али Акбар Велајати.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел