Иранска ракета може да стигне подалеку од Европа

Од:

Иран изработил ракета долга 27 метри, која може да носи боеви глави многу подалеку од Европа и ја поставил на рампа за лансирање во близина на Техеран, објави синоќа израелскиот РВ Канал 2.

Ракетата може да се користи за лансирање на вселенски летала или сателити, но може да носи и боеви глави.

Израелските медиуми коментираат дека телевизијата прикажала сателитски снимки, кои документираат дека Иран постигнал мошне брз напредок во производството на ракети со голем дострел. Прикажана е една фотографија од локација покрај Техеран, за која е кажано дека Западот веќе две години знае за неа и каде според тврдењата Иран произведува мотори за ракети со голем дострел.

Исто така е прикажана и фотографија од друго место во близина на рампата за лансирање и ракета од 27 метри. Во извештајот се наведува дека ракетата може да носи конвенционални и неконвенционално боеви глави далеку надвор од Европа.

Во извештајот се додава дека станува збор за снимки од Ерос Б, набљудувачки сателит, кој е дизајниран и произведен од израелската индустрија за авиони во 2006 година.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел