Иранска принцеза пронајдена како бездомничка на улиците на Милано

Од:

Аријана Лак од Велика Британија, која потекнува од иранското кралско семејство Каџар, и којашто исчезна пред една година, деновиве е пронајдена во Милано, Италија, благодарение на албански детектив најмен од нејзиното семејство.

Аријана, која инаку е филмска продуцентка и милијардерка, е пронајдена во растроена состојба. Таа исчезна во јануари 2016 година, а последен пат беше видена во хотелот Ди Коро – Ди Корзо во Милано, објави лондонски „Сан“.

Приватниот детектив на минувачите на улиците во Милано им ја покажувал нејзината фотографија, па така трагата го одвела меѓу бездомниците.

Последното на што таа се сеќава, е насилен грабеж што завршил со повреда на нејзината глава, поради што добила амнезија.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел