Иранка поради пари десетпати стапила во брак и се развела

Од:

Млада Иранка е обвинета дека деетпати била во брак и се развела за помалку од две години за да заработи пари.

Измамата на 20-годишната Иранка е овозможена од исламскиот закон, според кој на жените им се гарантираат финансиска сума, договорена пред брак и кои на барање на невестата може да и биде даден по завршувањето на свадбата. Во Иран шеријатскиот закон се спроведува од 1979 година, а невестата со младоженецот договара мираз кој традиционално е во златници.

Девојката ги отфрла сите обвиненија, златнците ги барала веднаш по мажењето, притоа никогаш не го козумирала бракот. Мажите морале да плата половина од договорената сума за да не го прекршат законот, но девојката се согласувала и на помала сума.

Разведена жена во Иран може да го избрише презимето на мажот од лична карта, но само ако лекарот докаже дека и понатаму е девица. Обвинетата девојка тоа повеќе пати го правела.

– Невина сум. Сите мои бракови биле легални и сопрузите доброволно се со мене, а се разделуваме поради одредени разлики, истакна девојката на суд.

Измамата на невестата ја открија службениците во технеранската општина, на кои им било сомнително нејзиното често менување на личната карта. Судот ја обвини за измама и обид за нелегален профит.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел