Иранците покажaa голема подземна поморска база

Од:

Силите на иранската револуционерна гарда за прв пат ја покажаа една од најчуваните поморски бази, во која се сместени брзи ракетни чамци способни да оперираат во иранските територијални води.

Иранските медиуми ја имаа првата можност да ја видат една од најдобро скриените поморски бази на иранската морнарица. Базата според ирански извори се наоѓа на 500 метри под земја, што ја прави оваа речиси невозможно да се уништи. Во долгите и високи ходници има рампи со брзи торпедо чамци на иранската морнарица.

Иранските ракетни чамци се столбот на поморските сили на Иран, при што секој брод е вооружен со неколку тешки митралези и противбродски проектили или торпеда.

Корпусот на иранската револуционерна гарда се смета за најмоќната воена формација на Иран со независни копнени, воздушни и поморски сили.

Би можело да ве интересира

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана