Иран почнува со збогатување ураниум над нивото од 3,67 во „следните неколку часа“, изјави официјален ирански претставник.
Нивото од 3,67 е според Договорот со шесте големи светски сили од 2015 година. Според најавите од Техеран, збогатувањето ќе биде над пет отсто.
Програмата за збогатување ураниум сега ќе надмине ограничување од 3,6 проценти, како што беше договорено со нуклеарниот договор од 2015 година.
Иран соопшти дека по истекот на крајниот рок даден на западни земји за да се исполнат барањата на Иран и да се спречат санкциите на САД против Иран, Иран ќе го зголеми збогатувањето на ураниум и ќе продолжи да ги намалува своите обврски од договорот на секои 60 дена.
Како што истакна Техеран, намерата била да го спаси договорот и дека Иран дал доволно време за дипломатија.
Дипломатската врата е се уште отворена, но потребни се нови иницијативи, рече иранскиот преговарач Абас Арачи.