Иран тврди дека им помага на ирачката Влада и Курдите во борбата со џихадистите

Од:

Иран им даде „политичка помош и консултации“ на ирачката Влада и на властите во ирачки Курдистан, соопшти иранскиот заменик-министер за надворешни работи Хусеин Амир Абдолахијан.

Во интервју за каналот на арапски јазик на иранската државна телевизија, Амир Абдолахијан прецизира дека Иран воено не присуствува на територијата на Ирак.

Тој ги обвини САД дека не прават ништо за да го запрат „дотокот на капитал“ за џихадистите во Сирија, кои според Техеран тргуваат со оружје и нафта.

Во одговор на прашањето за соработката на Иран со Велика Британија против групата Исламска држава во Ирак, за што проговори и британскиот премиер Дејвид Камерон, порпаролката на Министерството за надворешни работи во Техеран, Марзие Афхам, соопшти дека за опасноста од тероризам и за активноста на сунитските екстремисти се разговара со европските држави.

Иран, кој, како и Ирак, главно е населен со шиити, беше главниот поддржувач на поранешниот ирачки премиер Нури ал Малики, но по неговата смена од власта своите симпатии ги насочи кон наследникот Хајдер ал Абади.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел