Иран тестираше ракета со голем дострел од домашно производство

Од:

Иран успешно тестираше нова ракета со голем дострел од домашно производство, прва која може да биде наведувана се до целта.

– Ова е прва иранска ракета со голем дострел која може да биде наведувана и контролирана се додека не ја погоди целта. Ракетата е разработена и произведена во Иран, изјави иранскиот министер за одбрана Хосеим Дехгхан, без да наведи каде е извршено тестирањето.

Лансирањето на ракетата „Имад“ уследи неколку месеци откако ирански претставници изразија загриженост дека договорот со светските сили за спорната нуклеарна програма ја лимитира иранската ракетна програма.

Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации усвоена пред неколку денови предвидува забрана Иран да развива ракети кои би имале нуклеарни боеви глави.

– Ние не бараме дозвола од кого било за зајакнување на нашата одбрана и ракетните способности, посочи Дехгхан.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел