Иран распоредува специјални воени сили на границата со Ирак

Од:

Иран ќе распореди специјални сили и оклопни единици долж границата со Ирак, изјави денеска бригадниот генерал на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамад Пакпур.

Тој истакна дека зајакнувањето на границата е со „цел да се спречат упади на терористи“.

ИРГЦ изминатите недели презеде серија напади врз курдски цели во северниот дел на Ирак. Официјален Техеран ги обвинува Курдите дека ги поддржуваат протестите во Иран, што почнаа на 16 септември по смртта на 22-годишната Махса Амини. Таа беше приведена од полицијата за морал поради непочитување на строгите ирански кодекс за облеката на жените.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он