Иран повторно планира да лансира сателит во вселената

Од:

Иран веројатно се подготвува за уште едно лансирање на сателит по двата неуспешни обида да лансира сателит во орбитата, кои ги изврши и покрај обвинувањата од САД дека таа програма им помага во развој на балистички ракети.

Сателитските снимки направени овој месец од вселенскиот центар Имам Хомеини во покраината Семнан, покажуваат зголемена активност во тоа место, во момент кога се зајакнати тензиите меѓу Вашингтон и Техеран поради пропаѓањето на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили. Вселенскиот центар е оддалечен околу 240 километри југоисточно од Техеран.

Според некои западни медиуми, новиот обид за лансирање на сателитот се очекува пред крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел