Иран: Потребни нови решенија за заобиколување на американските санкции

Од:

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска истакна дека за да се заобиколат „драконските” санкции на САД се потребни нови решенија, посочувајќи оти проширувањето на Шангајската организација за соработка (ШОС) ќе помогне во спротивставувањето на едностраниот пристап на Вашингтон.

Во обраќањето пред учесниците на Самитот на ШОС во Самарканд, Раиси повика на зајакнување на слободната трговија меѓу земјите-членки, како и нивна соработка во финансиската и банкарската сфера.

„ШОС мора да донесе нови одлуки и да преземе конкретни мерки против драконските санкции на САД и нивниот унилатерализам, како што е одржлива трговија меѓу земјите-членки“, рече тој.

Техеран, кој се обидува да излезе од економската изолација наметната со американските санкции, вчера потпиша Меморандум за членство во ШОС. Организацијата формирана во 2001 година како советодавно тело за Русија, Кина и неколку поранешни советски републики од Централна Азија, четири години подоцна беше проширена со приемот на Индија и Пакистан. Амбициите на ШОС се да игра посуштинска улога како противтежа на западното влијание во регионот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски