Иран почна да ја филтрира содржината на Инстаграм

Од:

Иран почна да го филтрира сајтот за споделување фотографии Инстаграм, при што цензурира само содржини кои ги оценува како навредливи, јавуваат иранските медиуми.

Овој систем за контрола врз Интернетот, проект лансиран на почетокот на 2013 година, се очекува да функционира до летото 2015 година, соопшти Министерството за телекомуникации.

– Со оглед на тоа што сега може да се филтираат наведувачките содржини на социјалните мрежи, повеќе не е потребно да ги блокираме целосно и корисниците ќе можат целосно да ги користас тие сајтови на соодветен начин, пишува иранскиот весник „Шаргх“.

Иранските власти често пати ги блокираа сајтовите како Твитер и Фејсбук од големите протести во 2009 година против реизборот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел