Иран планира раст на производството на кавиjар

Од:

Иранските власти планираат ревитализирање на производството на кавијар и на луксузна храна, откако целосно ќе бидат укинати меѓународните санкции кон земјата.

Властите во Техеран веруваат дека овој сектор на домашното произвидство може уште повеќе да ја придвижи иранската економија, која долги години е во стагнација, поради санкциите што ги воведе меѓународната заедница, како реакција на контроверзната нуклеарна програма.

Едно време, Иран беше најголемиот извозник на луксузна храна во светот, па во 2000 година земјата продаваше годишно по 40 тони кавијар.

Економските санкции и блокадите предизвикаа минатата година иранскиот извоз на овој ексклузивен и скап прехранбен произвид да се сведе на само еден тон.

По договорот меѓу властите во Техеран и меѓународната заедница околу иранската нуклеарна програма, треба да бидат укинати сите санкции, а некогаш богатите трговци на ирански кавијар очекуваат тоа да помогне за целосната ревитализација на произвидството.

Експертите велат дека на иранскиот брег на Касписко Море се произведува најдобриот кавијар, па веќе се прават подготовки за оспособувањето на капацитетите.

– Ние се надеваме дека по спогодбата на иранската Влада со светот, се создадени услови за да се вратиме на старите патеки за пласман на нашиот кавиар на светскиот пазар, изјави директорот на една приватна фирма за рибарење и кавијар Ишак Ислами.

Само во оваа компанија и во две други во рибарското село Голдашт покрај Касписко Море, годишно се размножуваат по половина милион млади есетри во базени со морската вода, од чија икра се произведува кавијарот.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел