Иран планира да отвори поморски бази во Сирија и Јемен

Од:

Техеран е заинтересиран за отворање на поморски воена бази во Сирија и во Јемен, изјави наќалникот на Генералштабот на Вооружените сили на Иран, генерал Мухамед Хусеин Багери.

– Можеби нам во некој момент ќе ни биде потребна база на бреговите на Јемен и Сирија. Да се има поморска бара на голема оддалеченост не е ништо послабо од нуклеарната моќ. Тоа е десет пати поважно и создава ефект на заплашување, наведе Багери.

Според него, отворањето на поморски бази на бреговите на овие земји бара „прво таму да има инфраструктура“.

Иран во моментов им дава поддршка на шиитските бунтовници во Јемен, како и на сириската Влада во нејзината борба против бунтовниците и ИД.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел