Иран одбива инспекција на воените објекти

Од:

Иран денеска го отфрли барањето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) американски инспектори да ги посетат воените објекти.

– Иранските нуклеарни објекти не се предмет на договор. Целта информација за нив е доверлива. Иран никогаш нема да дозволи такви посети. Не обрнувајте внимание на таквите барања, кои се едноставно фантазија, истакна иранскиот владин портпарол Мохамад Бакер Нобахт.

Одбивањето на Техеран се случува во момент кога Вашингтон го разгледува нуклеарниот договор постигнат во 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили.

Во април американскиот претседател Доналд Трамп нареди да се провери дали укинувањето на санкциите кон Иран, што се предвидени со договорот, се во интерес на САД.

Постојаната претставничка на САД во Обединети нации, Ники Хејли минатата недела инсистираше МААЕ да побара пристап до иранските воени бази, со цел да се утврди дека во нив нема тајни активности, кои се забранети со нуклеарниот договор.

Во согласност со нуклеарниот договор МААЕ може да побара да изврши инспекции на иранските воени објекти.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел