Иран нуди помош против Исламската држава во замена за отстапки за нуклеарната програма

Од:

Иран ќе се согласи „да направи нешто“ во борбата против џихадистичката организација Исламска држава, во замена за отстапки во преговорите со меѓународната „шесторка“ за неговата нуклеарна програма, изјви денеска шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф.

Изјавата на Зариф претставува реакција на вчерашниот повик на Франција до сите земји од регионот на Блискиот Исток за заедничка акција против џихадистите.

Зариф најави подготвеност за иранска помош во борбата против Исламската држава и нагласи дека Техеран веќе започнал преговори со некои европски држави во врска со ова прашање.

– Ако се согласиме да направиме нешто во Ирак, од друга страна во замена  ќе бараме нешто во преговорите. Тоа што треба да се направи во Ирак се уште не е сосема јасно, исто како што не е сосема јасно што треба да направи „шесторката“ во замена. Токму тоа е тешкото прашање, нагласи Зариф, при што упати апел до ОН, САД и ЕУ за укинување на економските санкции кон Иран.

Преговорите меѓу Иран и меѓународната шесторка за нуклераната програма треба да продолжат во септември. Двете страни начелно се договорија најдоцна до 24 ноември да биде постигната конечна спогодба со која ќе се обезбедат гаранции дека Техеран ќе ја користи својата нуклеарна програма исклучиво за мирновременски цели, по што би биле укинати меѓународните санкции кон Иран.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски