Иран на Киев ќе му ги испрати црните кутии од авионот

Од:

Иран во Украина ќе ги испрати црните кутии од украинскиот авион кој по грешка беше соборен на почетокот од месецов , јави новинската агенција „Тасним“.

Иранските власти исто така се подготвени експерти од Франција, Канада и САД да ги испитаат податоците од црните кутии, јави агенцијата.

Во падот на авионот на 8 јануари загинаа сите 176 патници и членови на екипаж кои се наоѓаа во него.

„Со помош на стручно знаење од Франција, Канада и САД, ќе се обидеме податоците од црните кутии да ги анализираме во Киев“, изјави надлежниот за иранската истрага Хасан Резаифар, додавајќи дека „ако овој обид не успее, тогаш црните кутии ќе бидат испратени во Франција.

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

САД воведоа нови санкции кон Иран

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот