Иранската влада соопшти дека има произведено програма за уништување на нов компјутерски вирус што ги пустоши компјутерите на Блискиот Исток. Иранската влада денеска најави дека го има произведено антивирусна компјутерска програма, која е способна за уништување на новиот вирус за кој компјутерските експерти велат дека е најсофистицирано оружје во сајбер-просторот.
Новиот вирус ги краде информациите од компјутерите во Иран и околните земји.Иранскиот тим најави дека антивирус програмата може да го идентификува и да го уништи шпионскиот вирус, кој ден претходно беше откриен од руската компанија за компјутерска безбедност.
Експертите велат дека вирусот „украл“ податоци од компјутерите во Иран, Израел и од другите соседни земји. Вирусот работи со копирање на датотеки и го активира компјутерскиот микрофон за снимање на разговори, кои потоа се праќаат преку серија на сервери до свој извор. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите.
Израелскиот заменик-премиер Моше Јалон рече дека компјутерски вируси се “разумно” оружје на секоја држава која има за цел да ја спречи опасноста , Иран да се здобие со нуклеарно оружје.