Иран ќе ја прекине испораката на нафта?

Од:

Иран објави дека ќе ја прекине испораката на нафта ако Западот ги заоштри санкциите против него. Иран има резервен план, благодарејќи на кој ќе преживее и без приходите од извоз на нафта.

„Ако се засилат санкциите, ќе престанеме да извезуваме нафта“, рече иранскиот министер Ростам Касеми во Дубаи.

Имаме подготвено план за тоа како ќе управуваме со земјата без приходи од продажбата на нафта, Досега немавме сериозни проблеми, но ако се зајакнат санкциите ќе одиме на план Б“, додаде Касеми.

„Се надеваме дека тоа нема да се случи, бидејќи ќе бидат погодени обичните луѓе, а ние не го сакаме тоа за европските и американските жители“, додаде Касеми, истакнувајќи дека прекинот на испорака на иранската нафта би предизвикал раст на цените на пазарот.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он