Иран ја осуди одлуката на канадски суд да конфискува негови активи, како компензација на жртви на напади

Од:

Иран ја осуди вчера одлуката на канадски суд да конфискува негови недипломатски активи во вредност од 13 милиони канадски долари (девет милиони евра) за да ги обесштети семејствата на жртвите во напади, кои според судот се координирани од Техеран, а се извршени од палестинското движење Хамас и либанската групација Хезболах.

– Оваа одлука не е во согласност со меѓународните заложби на канадската Влада, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Хосеин Џабер Ансари.

Тој нагласи дека судската одлука е противречна и на плановите, објавени од новиот канадски кабинет за нормализирање на односите со Иран.

– Секоја нормализација на дипломатските односи меѓу двете земји бара преразгледување на екстремните и погрешните политики на канадската Влада, нагласи Ансари.

Согласно судската одлука семејствата на Американците, убиени во осум напади меѓу 1982 и 2002 година како отштета ќе добијат имоти и банкарски сметки на иранскиот режим во Канада.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел