Иран ја обвини МААЕ дека објави некоректен извештај за неговите нуклеарни активности

Од:

Иран денеска ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека објавила некоректен извештај за истрагата за неговите нуклеарни активности.

Обединетите нации вчера соопштија дека Иран не дал веродостоен одговор на долгогодишните прашања за потеклото на честичките од ураниум пронајдени на три непријавени места, пренесуваат британските медиуми.

-За жал, овој извештај не ја одразува реалноста на разговорите меѓу Иран и агенцијата, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Катибзаде.

Тој кажа дека тоа не е фер или избалансиран извештај и додаде дека „се чини дека притисокот од ционистите и другите актери го свртеле патот на техничките извештаи кон политичкото поле“.

-Очекуваме овој тренд да се коригира, додаде Катибзаде.

Британските медиуми наведуваат дека недостатокот на напредок може да доведе до нов дипломатски конфликт меѓу Иран и Западот, во момент кога за следната недела е закажана нова средба на Управниот одбор на МААЕ, орган во кој членуваат 35 земји.

Доколку западните сили побараат резолуција со која се критикува Техеран, тоа би можело да зададе дополнителен удар на напорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година.

-Го повикуваме Иран без одлагање да одговори на прашањата и потребите на МААЕ во согласност со неговиот договор за заштитни мерки, изјави заменик портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Франсоа Делмас.

„Ние сме во тесни консултации со нашите партнери за следење на оваа ситуација на следниот Управен одбор“, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он