Иран ја доби најголемата топилница на злато на Блискиот Исток

Од:

Иран отвори нова топилница за злато, најголема на Блискиот Исток, која благодарение на уникатната технологија, може да произведе три тони фино злато годишно.

Топилницата се наоѓа на северозападот на земјата, во близина на градот Такаб, во едно од најбогатите ирански наоѓалишта на злато, сребро и на жива.

Резервите на злато во рудникот Жарех Шуран се проценуваат на 20 милиони тони, а благодарение на оваа топилница, годишното производство на злато во Иран двојно ќе се зголеми.

Државната иранска агенција јавува дека вредноста на фабриката надминува 31 милион долари и оти се користи технологија која е развиена во Иран.

Топилницата, наводно, во блиска иднина би можела да произведува и до шест тона годишно, како и да обработува 2,5 тона сребро и 1,5 тон жива.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел