Иран им забрани влез на Американците како одговор на указот на Трамп

Од:

Иран нема да издава визи на Американци додека САД одбиваат да издаваат визи на Иранци, изјави денеска ирачкиот заменик министер за надворешни работи Маџид Тахт-Раванчи.

– Новиот указ покрај тоа е ништожен од судска гледна точка, посочи Техт-Раванчи алудирајќи на вчерашната забрана на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој додаде дека се додека на Иранците им е забранет влезот во САД и американски граѓани нема да можат да го посетат Иран.

– Веднаш штом САД ја укинат забраната, како што беа принудени на крајот од минатиот месец, Иран исто ќе одговори, посочи Техт-Раванчи.

Тој истакна и дека Иран никогаш не бил вмешан во терористички напади на територијата на САД, како и дека државите кои биле вмешани не се на листата на Трамп, алудирајќи на Саудиска Арабија.

Ревидираниот указ на Трамп забранува издавање на нови визи за граѓани од шест држави со претежно муслиманско население – Иран, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Исто така се елиминира и приемот на бегалци во рок од 120 денови. Наредбата ќе стапи во сила на 16 март.

Би можело да ве интересира

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница