Иран им помагал на Курдите во Ирак во операции против „Исламска држава“

Од:

Иран им помагал на Курдите во Ирак во операцијата против терористите од групацијата „Исламска држава“, изјави иранскиот министер за внатрешни работи Абдулреза Рахмани Фазли.

Според него регионалните власти во Ирачки Курдистан официјално побарале од Иран помош, вклучувајќи и обука на курдските воени формации.

– Стратегијата на Иран е дека е неопходно терористите да бидат протерани од ирачките провинции, кои успеале да ги заземат, изјави Фазли.

– Во некои случаи Техеран изразувал стравувања дека криминалци може да ги заземат светите места во муслиманските градови во Ирак, нагласи тој.

Според него претседателот на Исламската Република, Хасан Рохани ја означил таа можност како еден вид на црвена линија, чие прекинување ги отстранува сите ограничувања на евентуалните ирански операции за заштита на муслиманските светилишта.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски