Иран им доставил на Хамас ракетна технологија

Од:

Исламистичкото палестинско движење Хамас има можност да активира ракети врз Израел бидејќи Техеран им доставиле воена технологија, изјави висок ирански претставник за американски медиуми.

Тоа е потврда за претходни изјави на претставник на Корпусот на револуционерна гарда дека иранските ракети Фаџр-5 се дел од арсеналот на Хамас во Газа. Тие се произведуваат во Газа откако Иран им доставил технологија.

Во интервју за арапскиот канал на државната иранска телевизија Алам, поранешниот главен командант на таа единица, и актуелен висок државен претставник, Мохсен Резаи изјави дека Техеран треба да ги снабдува Палестинците со одбранбена и воена технологија за да може да произведуваат оружје и покрај блокадата, за да може да се заштитат од Израел.

Резаи во интервјуто спомена и за американската помош од 300 милиони долари за израелскиот ПРС Железна купола.

Тој препорачува Хамас да киднапира израелски војници кои ќе ги користи за размена во борбите со Израел. Иран не го признава Израел и ги поддржува вооружените антиизраелски групи како палестински Хамас и либанската Хезболах.

Би можело да ве интересира

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Експлодираа пејџерите на членовите на Хезболах: „Ги видов како крварат“

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Украина до Иран: Не испраќајте балистички ракети во Русија, може да има последици

Предраг Петровиќ

Командантот на Хамас и негови седум соборци загинаа во израелски воздушен напад

Се подготвуваа конечната верзија на мировниот договор Израел-Хамас