Иран и шестте светски сили постигнаа напредок во преговорите

Од:

Иран и шестте светски сили денеска се договорија во Виена да го продолжат преговарачкиот процес за уште неколку месеци, изјавија дипломатски извори за руската агенција ТАСС.

– Да, одлуката е донесена, изјавија дипломатските претставници, додавајќи дека преговорите ќе бидат продолжени, а временската рамка ќе биде одредена на министерски состанок.

Според запападни извори САД и Ирак во последен момент постигнале напредок во разговорите, но потребно е тие да продолжат и во декември.

Деталите за одложувањето и продолженитето на преговорите се уште се разработуваат, но според западните извори Иран засега не може да очекува какво било ублажување на санкциите.

Целта на преговорите е да се постигне спогодба, со која санкциите кон Иран постепено би биле укинати во замена за ограничување на техеранската нукларна програма.

Американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф вчера се договорија да почнат дискусија за продолжение на преговорите по истекот на рокот.

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји изјави дека преговарачите и натаму имаат консултации за конечната спогодба, со која ќе се исполни американското барање за драстично ограничување на иранската нуклеарна програма и иранското барање за укинување на санкциите.

Светските сили, САД, Велика Британија, Русија, Кина, Франција и Германија, кои веруваат дека Иран се обидува да произведе атомско оружје, бараат од Иран да ја ограничи нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите. Иран меѓутоа тврди дека единствена цел на неговата нуклеарна програма е производство на атомска енергија.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава