Иран и Русија ќе создадат заедничка банка за финансирање на трговски и економски проекти

Од:

Иран и Русија ќе создадат заедничка банка за финансирање на трговски и економски проекти меѓу двете земји, изјави денеска директорот на Иранско-руската стопанска комора Асадола Асгаролади, јави ИТАР-ТАСС.

– Во Техеран и во Москва сега се разработува можноста за отворање ново поглавје во односите меѓу двете земји, што ќе исклучи доминација на западните валути во трансакциите меѓу Русија и Иран, рече тој.

– Бидејќи руските банки засега се воздржуваат да работат со Иран поради санкциите на Западот, бараме да основаме заедничка руско-иранска банка со поддршката на нашите централни банки и приватниот сектор, додаде тој.

Новата банка ќе може да врши размена на нашите валути и на тој начин нема да има потреба да ги вршиме трансакциите во долари, евра или британски фунти, додаде претседателот на Иранско-руската стопанска комора.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни